Поетски збор - категорија

багра повеќе

мн. багри
Вид збор: Именка, женски род
боја, пурпур, руменило
Англиски: flush Албански: ngjyrë
Примери:
Багрите на пролетта.

багри повеќе

баграт
Вид збор: Глагол, несвршен
Обои, зарумени, направи румена.
Англиски: redden
Примери:
Крвта ги багреше камењата.

безѕвезден повеќе

безѕвездениот
Вид збор: Придавка
Што е без ѕвезди, темен.
Англиски: starless
Примери:
Плетенките и беа црни како безѕвездени ноќи.

беспредел повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
бескрајност, безграничност
Англиски: infinity
Примери:
Барам шир што се вика беспредел.

бессонен повеќе

бессониот
Вид збор: Придавка
Што е без сон.
Англиски: dreamless
Примери:
бессона ноќ

бессоник повеќе

мн. бессоници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што нема сон, што не може да спие; што води ноќен живот.
Англиски: insomniac
Примери:
Стана бессоник од тага.

бессоница повеќе

мн. бессоници
Вид збор: Именка, женски род
Состојба на отсуство на сон.
Англиски: insomnia
Примери:
долга бессоница

блен повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
мечтаење, сонување, сон
Англиски: daydreaming

бленува повеќе

бленуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
мечтае, сонува
Англиски: daydream

бленување повеќе

бленувањата
Вид збор: Именка, среден род
мечтаење, сонување
Англиски: daydreaming
б - в - г - д - ж - з - ѕ - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ц - ч - ш